top of page

РАБОТИЛНИЦИ И НАСТАНИ

ТАНЦОВ ТЕАТАР ЗА ДЕЦА 

  • 7-12 години

 

Соединувањето на танцот и театарот низ игра и забава, како најприродни форми низ кои детето осознава за себе и околината, има за цел да ја стимулира и негува креативната енергија која е есенцијална за поставување на здрави темели кон интегрирање на телесниот, когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој на децата.

КРЕАТИВНА ТУРЛИ ТАВА

  • 4-6 години 

 

Во креативната турли тава основните намирници ни се глумата и танцот (драмско катче), експериментите (научно-истражувачко катче) и рачна изработка и цртање (ликовно катче) односно преку моториката го поттикнуваме когнитивниот развој. Часовите се отворени за секое дете кое сака да расте во слобода, креативност и со нови другарчиња.

ДЕТСКА КРИТИЧНА МАСА

 

Поводот е значењето на слободната улична детска игра која е особено загрозена од современото општество, во соработка со НаТочак. НаТочак велат: „Точакот не е обично превозно средство туку и вештино-учечко, социјализирачко, здраво, незагадувачко, расонувачко за на школо и сонувачко за животот“. Колективот Ветерница додава: „Точакот може да биде и најдобар другар ако знаеш да се грижиш за него... и исто како змејовите знае да чува тајни и исполнува желби...само ти посакај каде сакаш, веднаш ќе те однесе!“

ПРВА ЛЕТНА ШКОЛА

(Планинарски дом „Папрадиште“)

 

Летната школа ја организираме во рамките на активностите кои се планирани како дел и заокружување на годишниот план. Во присуство на наставниците од Ветерница и други соработници напорно работиме, но и се дружиме, шетаме, ги запознаваме убавините на природата, вежбаме јога, учиме да пееме. Краен производ беше кратката претстава која се прикажа во центарот на Колективот Ветерница.

 

 

 

Театарска претстава „Пролетен кошмар“

 

Колективот Ветерница ја имаше премиерата на претставата Пролетен кошмар, на 29 март, 2014 во театарското студио Ветерница. 

Погледнете го светот на децата! 

 

 

bottom of page