КОЛЕКТИВ ВЕТЕРНИЦА
Едукативно-креативен центар за деца и млади


Ветерница е колектив создаден со заедничка цел за поттикнување на личниот развој преку работа во група и користење на креативната енергија со употреба на техники од глума, музика, песна, физички и куклен театар.
Кои се придобивките од танцовиот театар?
Креативност
Самодоверба
Решавање на проблеми
Посветеност
Постојаност и истрајност
Фокус
Конструктивна критика
Одговорност
Координација
Солидарност
Колектив Ветерница
РАБОТИЛНИЦИ И НАСТАНИ

Танцов театар за деца
-
7-12 години
Соединувањето на танцот и театарот низ игра и забава, како најприродни форми низ кои детето осознава за себе и околината, има за цел да ја стимулира и негува креативната енергија која е есенцијална за поставување на здрави темели кон интегрирање на телесниот, когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој на децата.

Креативна турли тава
-
4-6 години
Во креативната турли тава основните намирници ни се глумата и танцот (драмско катче), експериментите (научно-истражувачко катче) и рачна изработка и цртање(ликовно катче) односно преку моториката го поттикнуваме когнитивниот развој. Часовите се отворени за секое дете кое сака да расте во слобода, креативност и со нови другарчиња.
