top of page

ШКОЛА ЗА ТАНЦОВ ТЕАТАР
                    Добредојдовте!

 

Колективот Ветерница негува хоризонтален пристап, заедничка соработка и одговорност во споделување на знаења и идеи. Водени од потребата за постојано преиспитување на заедничките и личните вредности, веруваме дека уметноста е огледало на секојдневното живеење и основна алатка за спознавањето на себе си и околината.

РАБОТИЛНИЦИ И НАСТАНИ
   ГРУПИ

 

 



  • КРЕАТИВНА ТУРЛИ ТАВА

    4 - 6 години

 
  • ТАНЦОВ ТЕАТАР ЗА ДЕЦА

    7 - 12 години

Колективот Ветерница ја има својата  прва промоција на сликовници за деца, „Шеќерниот рид“, во сабота, 29 ноември, во нивните простории.

 

Во рамките на промоцијата ќе се одвива и дискусија помеѓу Сања Врбек, авторка и илустраторка на сликовницата, Лени Фрчкоска, магистер по книжевност, истражувач на бајки и Бистра Георгиева , авторка на сликовницата „Приказна за Ото, Ото и Ото“ и дел од проектот „Сите сме еднакви“ – ОХО.

 

Тие ќе дискутираат околу значењето на детската литература, како и актуалната состојба во оваа област, нејзините јаки и слаби страни и можните насоки на понатамошно делување. Сликовницата е прво издание на Колективот Ветерница, а истата е дел од трилогијата „Училиштето Шумска јагода“, „Веселата тиквичка“ и „Шеќерниот рид“, чии приказни меѓусебно се испрелетени во низа од настани во кои се обработуваат теми од социјален карактер,  социјалните односи на споделување, заедништво и јавните добра.
 

 

 

 

Ветерница на Ф.Р.И.К. Фестивал, 2013

(работилница „Погледни си ја маската“)

 

Во рамките на Ф.Р.И.К. фестивал, на 8.11.2013 година, колективот ВЕТЕРНИЦА одржа детска работилница за маски. Темата на која работеа децата беше: митски суштества.

Интернационален детски фестивал на театар и                                           сенки

                       СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО

               24 -26 ноември, Кино Фросина

 

Колективот Ветерница учествува со Магична програма и работилници за сенки                                      

                             18:00-19:15

                  26 ноември, среда

 

 

 

ПРОЛЕТЕН КОШМАР - танцов театар

 

Претстава сработена во рамките на работилниците по Танцов театар за деца од 7 до 12 години под менторство на Колективот Ветерница.
Играат: Бојана Ацковска, Симона Здравковска, Маша Блажева, Дорис Геракаровска, Кристина Петровска и Дуња Богдановска. 
Режија, сценарио и избор на музика: Колектив Ветерница
Костимографија: Рената Димчов
Сценографија: Велимир Жерновски

bottom of page